27-годишен затвореник пронајден починат во кумановскиот затвор

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник од Куманово вчера попладне бил пронајден починат во затворот К’шање.

– На 23.07.2026 во 12:35 часот во СВР Куманово, од Казнено – поправна установа Затвор К’шање било пријавено дека бил пронајден починат осуденикот С.Ш. (27) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција на Институт за судска медицина Скопје.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Денеска посвежо и со услови за нестабилност