Киднапиран брод во Аденскиот Залив заврши во рацете на сомалиски пирати

Сподели со своите пријатели

Трговски брод киднапиран минатата недела во водите покрај Јемен сега е под контрола на сомалиски пирати, според жителите на автономниот регион Пунтланд во Сомалија, објави Ројтерс утрово.

Според нив, танкерот за гориво и хемикалии „МТ Асана“ со знаме на Танзанија е држен од пирати откако бил киднапиран во Аденскиот Залив.

Еден жител, кој за Ројтерс изјавил дека е поранешен пират, тврдел дека на бродот имало 20 членови на екипажот, меѓу кои осум германски државјани и 10 Филипинци.

Германското Министерство за надворешни работи објави дека, од принципиелно значење, не коментира случаи на киднапирања на германски државјани во странство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес ја разбуди Австрија: Се стресе и во Виена

Организацијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO) минатата недела соопшти дека неовластени лица се качиле на бродот во Аденскиот Залив и дека бродот потоа бил насочен кон сомалиските води, што го опиша како киднапирање.

Помеѓу 2008 и 2018 година, сомалиските пирати претставуваа една од најголемите закани за поморскиот сообраќај долж брегот на Африканскиот Рог, истакнува Ројтерс.

По неколку години затишје, пиратски активности повторно почнаа да се зголемуваат кон крајот на 2023 година.