Кумановец психички и физички ја малтретирал сопругата, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишник од Куманово бил приведен по пријава дека психички и физички ја малтретирал сопруга од која се разведува.

– На 07.07.2026  во 17:25 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.М. (42) од Куманово, по претходна пријава дека тој психички и физички ја малтретирал неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  19-годишник приведен во Куманово, возел мотор без дозвола