Најмалку седум лица загинаа, а 10 се повредени во напад на украински дрон врз автобус во Донецк

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени во напад на украински дрон врз автобус во регионот Донецк, објавија денес локалните власти на тој регион на истокот од Украина, кој во голема мера е контролиран од Русија.

Дрон удри во автобус со патници во Накиево, а тие патувале на линијата Москва-Симферопол.

Службениците на самопрогласената Народна Република Донецк го оценија нападот како нехуман и циничен.

Локалните здравствени власти објавија дека десет повредени, меѓу кои и едно дете, се хоспитализирани во умерена состојба.

Утрово, Украина со дронови го нападна најголемиот руски нафтен терминал во Балтичкото Море и воен објект во регионот Тамбов во Санкт Петербург, објавија руските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски објави снимки од нападот врз родниот град на Путин. „Нашиот план функционира“

Вчера, Русија ја нападна Украина со стотици дронови и ракети, а според украинскиот претседател Володимир Зеленски, 23 лица загинаа, а околу 130 беа ранети.