Можни се напади во Албанија. Американската амбасада издаде предупредување!

Сподели со своите пријатели

Амбасада Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Тирана предупреди дека групите поврзани со Иран би можеле да извршат напади на територијата на Албанија, вклучувајќи објекти и лица поврзани со Соединетите Американски Држави.

Во соопштението се наведува дека потенцијални цели не се само институциите, туку и иранските опозициски елементи што живеат во Албанија, како и местата каде што се собира голем број луѓе.

„Групите поврзани со Иран може да се обидат да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или иранските опозициски елементи во Албанија. Тие може да ги таргетираат и вообичаените места, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани“, се вели во предупредувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во следните 24 до 48 часа во Багдад се можни напади на проирански милиции

Амбасадата апелираше до американските граѓани да бидат особено внимателни за време на престојот во Албанија и редовно да ги следат информациите објавени од локалните медиуми.

„Бидете свесни за вашата околина, проверете ги вашите лични безбедносни планови и држете го мобилниот телефон наполнет во случај на вонредна состојба“, соопшти амбасадата.

Ова предупредување доаѓа во контекст на зголемени глобални тензии и безбедносни ризици поврзани со активностите на групи блиски до Иран.