Шест лица загинаа во руски напади во регионот Донецк

Сподели со своите пријатели

Шест лица загинаа во текот на ноќта и утрово во руски напади во регионот Донецк на Украина, на истокот од земјата, изјави шефот на украинската воена администрација, Вадим Филашкин.

Три лица загинаа, а две се ранети во Краматорск, додека три лица загинаа, а 16 се ранети во Дружкивка, рече Филашкин, додавајќи дека се оштетени неколку јавни инфраструктурни објекти, бизниси, куќи, згради и автомобили.

„Вкупно, локалитети во регионот Донецк беа бомбардирани 13 пати“, додаде тој.

Во последните 24 часа, 273 лица беа евакуирани од фронтовската линија, вклучувајќи 69 деца, рече Филашкин на социјалните мрежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина ја доби првата транша од 1,5 милијарди долари од ММФ