Русија го осуди американско-израелскиот напад врз Иран

Сподели со своите пријатели

Русија денеска ги осуди воздушните напади на САД и Израел врз Иран како „намерен, планиран и неиспровоциран чин на вооружена агресија против суверена земја и членка на ОН“, што директно ги крши принципите и нормите на меѓународното право.

Во соопштението руското Министерство за надворешни работи повика на итно враќање на политичката и дипломатската арена.

„Русија, како и секогаш, е подготвена да помогне во постигнувањето мирни решенија засновани на меѓународното право, меѓусебното почитување и балансирана проценка на интересите“, се вели во соопштението.

„Особено е за осуда што овие напади беа повторно извршени под покровителство на обновен преговарачки процес кој требаше да обезбеди долгорочна нормализација на ситуацијата околу Исламската Република Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сајбер напади врз иранските медиуми додека траат израелско-американските напади

„Меѓународната заедница, вклучително и врвот на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), мора итно да обезбеди објективна и непристрасна проценка на овие неодговорни дејствија, чија цел е поткопување на мирот, стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток“, се вели во соопштението.

Руското Министерство оцени дека Вашингтон и Тел Авив „уште еднаш се одлучиле за опасен курс кој брзо го турка регионот во хуманитарна, економска и потенцијално радиолошка катастрофа“.

Се додава дека „лошите ефекти од тие непромислени дејства врз глобалниот режим за неширење (на нуклеарно оружје), чиј камен-темелник е Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), отворено се игнорирани“.

Вашингтон и Тел Авив „не можат а да не сфатат дека туркајќи го Блискиот Исток во бездната на неконтролирана ескалација, тие во суштина ги охрабруваат сите земји ширум светот, а особено на Блискиот исток, да прибегнат кон уште потешки средства за одбрана од заканите на кои се изложени“, беше објавено.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се целите на израелските напади: Погодија министерства и воен комплекс!