Зошто Израел го нападна Иран токму сега? „Го направија тоа за да ги нарушат преговорите“

Сподели со своите пријатели

Израел започна, како што го нарече „превентивен напад“ против Иран.

Во соопштението за печатот утринава, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, прогласи „специјална и постојана вонредна состојба“ низ целиот Израел.

Според иранските медиуми, во центарот на Техеран се слушнале три експлозии.

Новинската агенција Фарс објави дека добила извештаи дека неколку проектили погодиле области во иранската престолнина.

Надлежните апелираа до јавноста строго да се придржува до упатствата на Командата на Армијата и да остане во безбедни и заштитени подрачја, односно засолништа до понатамошно известување.

Израелските разузнавачки и воени служби проценуваат дека на многу краток рок се очекува масовен одмазднички напад врз Израел, кој би можел да вклучи роеви беспилотни летала и балистички ракети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Катар му се закани на Иран со одговор

Низ израелските градови веќе се слушаат сирени кои предупредуваат на опасност од воздух.

Одговори аналитичарот

Мехран Камрава, директор на Одделот за ирански студии во Арапскиот центар за истражување и политички студии и професор на Универзитетот Џорџтаун во Катар, рече дека иако не мислел дека САД ќе го нападнат Иран, Израел бил „прилично гласен за своите намери да ги саботира разговорите меѓу САД и Иран“.

„Како што направи минатиот јуни, се чини дека започна напад со цел да ги наруши преговорите меѓу Иран и САД“, изјави Камрава за Ал Џезира.

„Мислам дека американскиот претседател Доналд Трамп се стави во ситуација од која не можеше да се повлече. Таканаречената армада, огромното воено засилување, постојаните зелени светла кон Израел во последните година и пол и мислам дека на многу начини повторно сме сведоци дека Израелците го принудија Доналд Трамп да направи потег и тој навистина не можеше да им каже не во овој момент“, објасни Камра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја нападна американската морнарица во Бахреин (ВИДЕО)