Општина Куманово со опомени и решенија за присилна наплата на данок на имот

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово започна со испраќање опомени до физички лица за ненамирен данок на имот, како и со доставување решенија за присилна наплата за заостанати обврски од 2024 година.

Како што информираше раководителот на Секторот за даноци и такси, Ненад Стојановски, постапката е веќе во тек и опфаќа значителен број даночни обврзници.

– Процесот опфаќа вкупно 22.873 решенија за опомени, со вкупна вредност од 46.157.735 денари, како и 12.073 решенија за присилна наплата за 2024-та во вредност од 22.094.497 денари“, изјави Стојановски.

Тој информира дека дел од обврските во меѓувреме се веќе платени, но сепак одреден број граѓани ќе добијат опомени или решенија иако го намириле долгот. За ова, Стојановски упати јавно извинување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нова цена на горивата

Како причина за ваквата состојба, тој посочи административни доцнења во процесот на печатење и доставување на документите.

Решенијата биле генерирани уште на 7 ноември, но нивната испорака се одложила повеќе од три месеци поради задоцнување од страна на АД Македонски пошти.

Стојановски нагласи дека граѓаните кои веќе ги подмириле своите обврски не треба да постапуваат по добиените опомени, а за сите дополнителни прашања можат директно да се обратат во Секторот за даноци и такси.

Спорад раководителот над 72 проценти од граѓаните го платиле данокот за 2024 година, а нешто над половина и за 2025та.

Во меѓувреме граѓаните кои не ги надмириле обврските, тоа можат да го сторат и онлајн.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом Куманово

-Над 72 проценти од граѓаните го исплатиле данокот за 2024 година, додека за 2025 година наплатата изнесува 56 отсто, пред преземање на присилни мерки. Општината нуди и можност за електронска наплата преку платформата e-naplata.kumanovo.gov.mk, со цел олеснување на постапката и намалување на турканиците во банките кои ја користи помладите. Сите кои имаат недоразбирања, нејаснотии, слободно нека се обратат до секторот, тука сме да помогнеме и да ги надминеме“, повика раководителот на секторот.

Од Општина Куманово информираат дека по завршувањето на тековната дистрибуција ќе следат и дополнителни чекори кон малата група обврзници кои сè уште не ги исполниле своите финансиски обврски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во САД: Иницијатива за вклучување на Македонија во споменик на сојузничките сили

Сепак, оценката е дека наплатата на данокот на имот во општината останува стабилна и на задоволително ниво.

Никола Ивановски