Само 60 отсто од германските граѓани се задоволни од демократијата

Сподели со своите пријатели

Според една студија, само 60 отсто од германските граѓани се задоволни од тоа како моментално функционира демократијата, а на истокот на земјата секој четврти испитаник посакува „силен лидер“ на чело на државата, соопштено е денеска.

„Добро е што демократијата како форма на владеење е поздравена од мнозинството испитаници, дури и на истокот на земјата“, рече комесарката на германската влада за развој на поранешните провинции на Источна Германија, Елизабет Кајзер (Социјалдемократска партија на Германија, СПД), за време на презентацијата на студијата „Дојчланд – Монитор 2025“.

Во исто време, студијата покажува дека во Германија секој петти испитаник сочувствува со идејата за „силен лидер“ кој не би морал да обрнува внимание на „парламентарните ограничувања“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гејтс откажа говор за да не го прашуваат за Епстин

На истокот од земјата овој тип на уредување го поздравува секој четврти испитаник.

Во некои провинции, екстремната десница би можела да победи

На истокот од земјата, 18 отсто од испитаниците целосно или делумно се согласуваат со изјавата „под одредени околности, диктатурата е подобра форма на владеење“.

„Граѓаните, особено во неразвиените области на поранешна Источна Германија, речиси секојдневно се соочуваат со бројни предизвици.

Ова ги прави граѓаните поотворени за популистички решенија“, коментира социјалдемократскиот политичар Кајзер за резултатите од студијата.

Таа побара од владата „сериозно да ги сфати“ грижите на граѓаните на истокот од земјата.

Годинава изборите за локални парламенти се одржуваат во неколку сојузни покраини кои до 1990 година беа дел од Источна Германија, а во некои покраини како победник би можела да излезе десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја покажа нов повеќецевен фрлач: Ким лично го возеше! (ФОТО)