Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималните температури ќе се движат во интервал од -15 до -5, а максималните меѓу -6 и 3 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час, поради што УХМР има издадено жолто метео предупредување за силен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до -9 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне само -1 степен целзиусов.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне 3 степени над нулата.
Во среда ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални -1 до максимални 8 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу еден степен во негатива, а максималната ќе се искачи до 8 степени целзиусови.

Петок носи сончево и малку потопло време со слаб до умерен северен и северозападен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, а дневниот максимум ќе се искачи до 10 степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне 10 степени целзиусови.
Недела носи облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до еден степн под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 7 степени целзиусови.

Ноќта кон понеделник ќе имаме услови за слаби врнежи од дожд и снег.
Следната работна недела ќе се задржат позитивните температури.
Никола Ивановски

