Соединетите Американски Држави почнаа да продаваат венецуелска нафта, а сите приходи од нејзината продажба првично ќе бидат уплатени на сметки контролирани од САД во меѓународно признати банки, објави Министерството за енергетика на САД.
„Ги ангажиравме водечките светски трговци со стоки и клучните банки да ја извршат и да обезбедат финансиска поддршка за оваа продажба на сурова нафта и сурови производи“, се вели во соопштението објавено од Ројтерс.
По заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во нападот врз Каракас на 3 јануари, САД продолжуваат да блокираат бродови под санкции од таа јужноамериканска земја.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе преработат и продадат до 50 милиони барели сурова нафта заглавени во Венецуела под блокадата на САД.

