Ученици од Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово постигнаа голем успех – нивниот тим со апликацијата MindMap влезе во топ 50 најдобри тимови во натпреварот за награден фонд од 1.000.000 денари, еден од најголемите натпревари во Македонија за млади иноватори.
„Овој успех ни значи многу, но за да стигнеме понатаму ни се потребни гласови од што повеќе луѓе,“ порачуваат учениците во своето соопштение.
Апликацијата MindMap е осмислена како безбедно и анонимно онлајн место за средношколци кои сакаат да ги споделуваат своите мисли и чувства, да добијат поддршка и совет.
Учениците апелираат до јавноста да им помогне со гласови на следниот ЛИНК.
Никола Ивановски

