Четири нарушување на изборниот молк биле регистрирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на територијата на целата држава имало 20 пријави.
– За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани, додаваат од МВР.
Покрај ова, регистрирани биле 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк.
– Се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови, додаваат од полицијата.
На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето, а како што велат од МВР регистриран е само еден настан.
Никола Ивановски