Ретроспективна изложба – 50 години творештво на Мики Трендафиловски

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во петок од 20 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „50 години творештво на Мики Трендафиловски“.

Изложбата содржи 50 дела работени во повеќе временски периоди.

МИРОСЛАВ ТРЕНДАФИЛОВСКИ МИКИ е сликар, роден 1958 г. во Куманово каде живее и работи како самостоен уметник. Досега има реализирано 35 сомостојни изложби и преку 100 групни изложби во земјава и надвор од неа.

Во светот на уметноста е од својата 16-та година кога ја создави својата прва слика „Раѓање на…“, кога и започнува неговото сликарско патишествие.

Во последните дваесет и пет години од својот живот интензивно работи како уметнички раководител, координатор (селектоер) и организатор на повеќе Меѓународни ликовни колонии и манифестации во државата и надвор од неа. Добитник е на повеќе награди, признанија и благодарници за своето 50 годишно ликовно творештво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во два пожара во Старо Нагоричане вчера изгореа околу 35 хектари површина (ФОТО)

Од 2022 година е автор и реализатор на 10 изложби од проектот „ЈАС И МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ“ со учество на педесетина автори од 14 држави, под мотото „СОНЦЕТО ПОДЕДНАКВО ГРЕЕ ЗА СИТЕ“.

На оваа изложба меѓу 50-те дела што ќе бидат преставени се и 26 дела од разни периоди од неговото творештво што авторот за првпат ги излага.

…Ликовна обработка на нештата, Љубов и чувство кон формата, бојата и рамнотежата, како и создавање на нов и оргинален израз во мојот сликарски опус… Од авторот За творештвото на Мики Трендафиловски ѓе запишат:

… Попат многуте современи автори Трендафиловски знае дека вистините на нашето време не можат да се искажат со чиста реалистичка фигурација, па се определува за рационално аналитичко – конструктивистички приступ кон ликовното дело со што создава личен стил и израз…“ Мира Бојкиќ, Виш кустост на Завичајниот музеј во Јагодина

…Сваќајки го уметничкото дело како посебен вид креација, во која ги изразуваме своите чувства, поимањето на светот и околностите во кои живееме, со помош на личната инвенција и ликовна вештина, М. Трендафиловски своите емотивни реакции на сетилните сензации ги става на платно, стварајки притоа нов свет во кој се е хармонично, беспрекорно, прецизно… Роберт Цветковски, историчар на уметност

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пообилни врнежи од дожд

„ … Животот е игра, животот е песна, музика, светлина, боја, а сето тоа сликарот Мики Трендафиловски млогу вешто го синтетизира на своите платна. Исполнето со оптимизам, радост и ведрина, сликарството на Мики зрачи со некоја посебна врелина условена од силните и чисти тонови, вклопени во магијата, наречена слика…“
Глигор Беќаров, сликар и керамчар

…За да се приреди една ретроспективна или јубилејна изложба, значи да имаш еден заокружен опус на дела од повеќегодишни творечки циклуси на разни теми и содржии во различити сликарски техники и други визуелни ликовни остварувања.

Кога сме веќе кај сликарските техники Мики Трендафиловски, покрај другите техники, го негува цртежот, претежно со туш како основна и важна техника од која го развива и својот карактеристичен и само нему својствен сликарски јазик во маслена техника. Со тој сликарски јазик Мики ги реализира своите сликарски визии на разни теми, транспонирајќи ги своите геометарски форми во необични облици, поддржувајќи ја содржината на сликата, а воедно и да не се изгуби ликовноста и автентичниот израз на делото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ѓорѓиевска: Обвинувањата кон Салиевски се целосна лага од СДСМ (ВИДЕО)

Во овој, би рекол макотрпен, а племенит и благороден сликарски јазик Мики повеќе децении ни ги прикажува своите сликарски сонувања, а резултатите се повеќе од видливи во сите негови ликовни творби на оваа изложба.

Затоа оваа ретроспектива е и своевиден јубилеј, а тоа е само една попатна станица каде авторот застанува, не да се одмори, туку да тргне напред кон неизвесноста кон нови сликарски авантури… Академик Васко Ташковски

Изложбата ќе биде поставена до 30.10.2025 г.

Интегрално соопштение