Лабудовиќ на отворање на изборниот штаб на Рекорд: Центар ќе биде гордост, а не срам за главниот град

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, вчеравечер свечено го отворија изборниот штаб на Рекорд.

На отворањето присуствуваа и се обратија носителот на советничката листа за Центар, Крумислав Барзов Мишко, како и носителот на градската листа на Движењето ЗНАМ, генерал Горанчо Котевски. И двајцата дадоа силна поддршка на заедничката борба за промени во главниот град и порачаа дека Центар заслужува ново лице, нова енергија и вистинско лидерство.

 

 

Во своето обраќање, Лабудовиќ упати критики до актуелниот градоначалник и состојбата што ја оставил зад себе:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лабудовиќ: Ред, безбедност и чиста животна средина – нова визија за Центар

„Денеска Центар е сотрен – економски, сообраќајно и безбедносно! Наместо да ја води општината, актуелниот градоначалник ја остави во хаос – со блокирани улици, без ред во урбанизмот, без безбедност за граѓаните и со уништена економија.

Оттука сакам јасно да му порачам: сè што е тој – јас нема да бидам!

Јас не се кандидирам за актер, јас се кандидирам за градоначалник.

Актер е актуелниот градоначалник кој, за да го покрие својот криминал и корупција, во последниот месец од мандатот глуми дека работи.

На Центар му е потребен домаќин, а не актер. Потребен му ечовек кој ќе стави ред, а јас ве уверувам дека тоа најдобро ќе го направам.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Куманово мора да биде нов регионален центар и движечка економска сила (ВИДЕО)

Јас и мојот тим ќе бидеме различни, чесни, одговорни и посветени на граѓаните.

Ќе работиме од првиот до последниот ден на мандатот, со младите и со сите граѓани, без фаворизирање и поделби. Ќе поттикнеме култура и спорт, ќе вратиме ред и ќе изградиме Центар кој ќе биде гордост, а не срам за главниот град.“

Лабудовиќ најави дека проблемите нема да се оставаат за „некогаш“, туку ќе почнат да се решаваат веднаш:

„Уште во првата година ќе ги почувствувате промените.

 

 

А за четири години, Центар ќе биде организирана и модерна општина со ред, сообраќаен план и безбедност за секој жител.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во среда голем митинг на ЗНАМ во Куманово (ВИДЕО)

Тој додаде дека новоотворениот штаб нема да биде само место за кампања, туку вистински дом на граѓаните:

„Ова не е само штаб, ова е наш заеднички дом од каде ја започнуваме битката за почиста, поуредена и побезбедна Општина Центар. Заедно ќе го вратиме духот на маалата, ќе создадеме повеќе зелени површини, ред во сообраќајот и подобар квалитет на живот за сите.“

Со отворањето на штабот започнуваат и секојдневните активности на тимот на Лабудовиќ, чија сила е поддршката од граѓаните – најголемата гаранција дека промените ќе се случат.

Интегрално соопштение: Движење ЗНАМ – За Наша Македонија