Русија: Жена и внук загинаа во напад со украински дрон во Москва

Сподели со своите пријатели

Жена и нејзиниот шестгодишен внук загинаа денес во пожар предизвикан од напад со украински дрон во московскиот регион, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов.

Тој напиша на Телеграм дека во текот на ноќта противвоздушните одбранбени системи собориле четири дронови во Воскресенск и Коломна, две места во московскиот регион.

Во Воскресенск, 76-годишна жена и нејзиниот шестгодишен внук ги загубија животите во нападот, во пожар во нивната куќа предизвикан од пад на дрон, изјави истиот извор.

Во неколку други згради во тој град, прозорците беа скршени, ѕидовите беа оштетени, а уличното осветлување беше нарушено, рече Воробјов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата пораснаа украинските напади со дронови

Украина редовно ја напаѓа Русија со беспилотни летала како одговор на масовните руски напади од почетокот на големата офанзива што ја започнаа руските трупи во февруари 2022 година.

Во ноќта помеѓу саботата и неделата, Русија лансираше 595 беспилотни летала и 48 ракети кон Украина, според Киев, а во нападите загинаа четири лица во украинскиот главен град, а повеќе од 80 беа повредени низ целата земја.