Организацијата на Северноатлантскиот договор објави фотографија од најголемиот носач на авиони во светот како плови во норвешки води.
„Ова е нешто што не се гледа секој ден. Најголемиот носач на авиони во светот, USS Gerald R. Ford, плови во Ослофјорд“, објави НАТО на својот официјален профил на X како коментар на фотографијата.
That’s something you don’t see every day!
The world’s largest aircraft carrier, 🇺🇸 USS Gerald R. Ford, sailing in the Oslofjord 🇳🇴 pic.twitter.com/nJ6xmpo6Xv
— NATO (@NATO) September 28, 2025
Патем, втора ноќ по ред, неидентификувани беспилотни летала летаа над данското небо, потврди данското Министерство за одбрана.
Ова е најновиот во низата инциденти што се регистрирани над воените бази оваа недела.
Аеродромот во Копенхаген исто така беше привремено затворен поради беспилотните летала, а Данска ги затвори своите аеродроми за сите цивилни летови во неделата, откако непознати авиони беа забележани во близина на неколку воени објекти во текот на ноќта, објави министерот за одбрана на земјата Троелс Лунд Поулсен.
Тој изјави дека забраната ќе трае до петок следната недела, пренесува Ројтерс.
Слични инциденти се регистрирани во Норвешка, каде што неидентификувани летала беа забележани во близина на воени бази.
Норвешката полиција продолжува да ги истражува инцидентите на аеродромот Орланд.
Како одговор на сè почестите закани, НАТО објави зајакнување на својата мисија во Балтичкото Море со испраќање фрегата за воздушна одбрана, како и дополнителни средства за мониторинг и надзор.
Алијансата, исто така, овој месец ја започна мисијата Источна гарда за да ја зајакне одбраната на источниот крило на Европа како одговор на руските упади на беспилотни летала во полскиот воздушен простор.
Русија ги негираше обвинувањата дека нејзините беспилотни летала и борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на земјите од НАТО.