Обдукциите спроведени по протестите во Непал потврдуваат дека најмалку 33 демонстранти биле убиени од боева муниција, додека само едно лице било погодено од гумен куршум, соопшти Медицинскиот институт на Универзитетот Трибхуван.
Вкупно 74 лица беа убиени за време на протестот, а повеќе од две илјади беа повредени, објави Ројтерс.
Протестите, предводени од Генерацијата З, избувнаа поради прикажувањето на луксузот и одморите на политички поврзани личности на социјалните медиуми.
Немирите доведоа до оставка на премиерот К.П. Шарма и неговата влада.
Поранешниот премиер негираше дека наредил употреба на боева муниција, сугерирајќи дека инфилтрати биле вклучени во насилството.
Обдукциите покажаа дека куршумите биле деформирани и фрагментирани, а главата, градите, стомакот и вратот на демонстрантите биле погодени.
Експертите истакнуваат дека употребата на огнено оружје против цивили во Непал е исклучително ретка и дека полицијата обично користи само гумени куршуми и солзавец за контрола на толпата.
Привремената влада предводена од поранешниот претседател на Врховниот суд, Сушила Карки, формираше панел за истрага на насилството и повика на транспарентна истрага за „непотребна или непропорционална употреба на сила од страна на безбедносните сили“.
Изборите се закажани за 5 март, но мандатот на владата може да биде продолжен поради ситуацијата во земјата.