Најмалку 15 загинати во израелски напади врз Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица загинаа денес во израелски напади во Појасот Газа, објави Цивилната заштита на палестинската територија.

Според службите за итни случаи на градот Газа, најмалку седум лица загинаа во три воздушни напади.

Целите се општинскиот магацин и шаторите каде што се сместени раселените лица во близина на пазарот во центарот на градот.

Пет лица загинаа во два напада врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, а три во други напади во градот Газа.

Минатата недела, Израел објави започнување на копнени и воздушни воени операции во градот Газа, со цел уништување на палестинското движење Хамас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе земји ја признаваат Палестина отколку Косово