Триесет и петгодишник бил физички нападнат вчеравечер во кумановската населба Средорек, а му биле упатени и закани со остар предмет.
– На 22.09.2025 во 19:00 часот во СВР Куманово З.И. (35) од Куманово пријавил дека на улицата „Средорек“ во Куманово бил физички нападнат од Е.Б., кој исто така му се заканувал со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски