Седумдесет и петгодишник од Холандија се здобил со тешки повреди и завршил во болница кткоа бил натепан од неколку лица.
– На 22.09.2025 година во 15.08 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Др. Рибар“ во Куманово неколку лица физички го нападнале А.П.М. (75) од Холандија, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски