На барање на Естонија, утре заседава НАТО

Сподели со своите пријатели

Претставници на 32 земји-членки на НАТО ќе се состанат утре наутро во Брисел, на барање на Естонија по руското навлегување во воздушниот простор на таа балтичка земја, објави денес функционер на Алијансата.

Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на амбасадори ќе се одржи во рамките на Член 4 од договорот за НАТО, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закани против една од нејзините членови.

Во петокот, три руски борбени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор и останаа таму 12 минути, што предизвика протести од НАТО и Европската Унија поради, како што наведоа, нови руски „провокации“, додека Москва негираше какви било повреди на воздушниот простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва ги отфрла обвинувањата за нарушување на воздушниот простор на НАТО

Советот за безбедност на ОН денес треба да одржи итен состанок како одговор на флагрантното кршење на естонскиот воздушен простор од страна на Русија, објави во петок естонското Министерство за надворешни работи.

Навлегувањето се случи откако Полска, исто така членка на НАТО, објави на почетокот на септември дека руски беспилотни летала постојано го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина, што Варшава го осуди како „агресија“.