Етиопија е позната како земја со богата историја и култура која, со исклучок на краткиот период пред Втората светска војна, кога беше под италијанска окупација, никогаш не била европска колонија. Покрај тоа, оваа земја е претежно христијанска со голем удел на православни верници.
Најсеверниот регион на Етиопија, Тиграј, е познат по своите необични монолитни цркви врежани во карпите. Меѓу нив, најспектакуларна е Абуна Јемата Гух, која се издига до висина од 250 метри.
И до неа може да се стигне само на еден начин – со искачување. Тука нема заштитни огради, јажиња или каква било друга помош. Верниците се искачуваат само инспирирани од желбата да се молат во ова светилиште. Црквата, позната и како „Капела на небото“, била врежана во карпата уште во 5 век и се наоѓа во планините Гералта. Богослужбите сè уште се одржуваат во неа денес, а мештаните се искачуваат секоја недела за да присуствуваат на молитви, ритуали или да се крстат.
Еден 70-годишен монах поминува по тој пат секој ден веќе 47 години. Овој свештеник го преминува опасниот пат за да ја отвори вратата од капелата и, како што вели „никогаш не се плаши.
Иако позицијата Абуна Јемата Гух се смета за најопасната црква во светот, ниту еден од монасите не е повреден додека се искачувал на ова свето место.
И додека некои тврдат дека оваа локација е избрана за црквата да биде поблиску до небото, други веруваат дека таа била скриена во карпата со причина од можни непријатели.
Внатре во капелата има ѕидови насликани со икони од животинска крв, лој и земја, како и Библија стара 500 години.