Тридневна акција за собирање кабаст отпад во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово, во согласност со насоките на Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“, ќе спроведе тридневна акција за собирање на кабаст отпад.

Акцијата ќе се одржи од 12 до 14 септември 2025 година, односно во петок, сабота и недела.

За таа цел ќе бидат поставени големи корпи за одлагање на ваков вид отпад во населбите Гоце Делчев, Бабин Дол и Тоде Мендол.

Граѓаните се повикуваат својот кабаст отпад, како што е стар мебел, електрични уреди и други големи предмети, да го одложуваат исклучиво на предвидените локации и во определениот период.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ отвори уште три изборни штабови во Куманово (ФОТО)

Од Општината порачаа дека со оваа акција заеднички се придонесува за почиста и поуредна животна средина.

Никола Ивановски