Руски дрон погоди во куќа во Полска: „Ситуацијата е загрижувачка“

Сподели со своите пријатели

Руски дрон удри во станбена зграда во Вирики (област Влодава) во близина на Лублин, објавува Polsat News.

Polsat News наведува дека покривот на зградата и паркингот се оштетени, но дека никој не е повреден.

Повикувајќи се на локален полициски инспектор, Polsat објавува:

„Остатоци од руски дрон паднаа врз станбена куќа во Вирики Вола“.

Локалниот градоначалник Мариуш Занко додаде:

„Луѓето слушнаа експлозија и видоа полски борбени авиони. Ситуацијата е доста тешка и загрижувачка, навистина има голема загриженост кај жителите“, објавува Sky News.

Регионот Лублин, на истокот од Полска, се граничи со Белорусија и Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворени сите центри: Јапонија ги прекинува програмите за обука на руски експерти