Две лица биле тешко повредени викендов при судир на „рено“ и „пежо“ на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка.
Loading...
– На 30.08.2025 во 15:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(46) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(52) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски
Loading...