Еквадор: Запленети десет тони кокаин за 21 ден

Сподели со своите пријатели

Еквадор заплени повеќе од десет тони кокаин за време на седум операции спроведени на отворено море во текот на три недели со поддршка на крајбрежната стража на САД, соопштија воени и полициски претставници.

Loading...

Владата на претседателот Даниел Нобоа води војна од 2024 година против локалната трговија со дрога и банди на организиран криминал со врски со меѓународни картели.

Еквадор е зафатен од војни меѓу сопернички групи.

Според „Инсајт Крајм“, Еквадор бил најопасната земја во Латинска Америка во 2024 година, со висока стапка на убиства.

„Запленивме 10,3 тони кокаин, кој ќе биде предаден на судовите за уништување“, изјави на прес-конференција полковник Владимир Акурио, началник на полицијата во Манта во југозападен Еквадор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Историски мост во Мјанмар уништен во борбите

Во координација со еквадорската морнарица, единица на крајбрежната стража на САД пристигна во Манта за да ја предаде дрогата, а 18 лица беа уапсени на бродовите што го превезуваа товарот.

Министерството за одбрана објави на социјалната мрежа X дека седум операции биле спроведени на отворено море помеѓу 2 и 22 август.

Околу 20 криминални групи дејствуваат во Еквадор, кои се занимаваат со трговија со дрога, киднапирање и изнуда.

Loading...

Според официјалните податоци, 73 проценти од светскиот кокаин поминува низ еквадорските пристаништа.

Земјата минатата година заплени рекордни 294 тони дрога, претежно кокаин, во споредба со 221 тон во 2023 година.