Како до билет за утрешниот натпревар Македонија – Романија? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Влезот за утрешниот натпревар помеѓу кошаркарските репрезентации на Македонија и Романија ќе биде бесплатен, но сепак со ограничен број билети согласно меѓународните и ФИБА стандарди.

Loading...

Билетите, како што информираше денеска градоналачникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, ќе можат да се подигнат бесплатно, но исклучиво со лична карта, по принципот „прв дојден, прв услужен”.

Граѓаните ќе можат да добијат по една карта на билетарата сместена под западниот дел на влезот на спортската сала.

– Секој кој ќе дојде со лична карта ќе може да подигне една бесплатна карта. Ќе бидат услужени ситее граѓани по редослед на доаѓање“, изјави градоначалникот Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Нашиот пат е патот на Илинденците – за достоинствен живот

 

 

Дополнително, билети се обезбедени и за традиционалните поддржувачи, како што се навивачките групи, меѓу кои и Кумани, како и за официјални гости, меѓу кои се најавени и делегации од Владата предводени од премиерот Христијан Мицкоски.

Loading...

Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово, со почеток во 20:00 часот, а свеченото отворање на објектот е закажано за 19:30 часот.

Никола Ивановски