Дрво падна во Соколанскиот парк поради силниот ветер (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Поради силниот ветер денеска дрво падна во Соколанскиот парк, информираше директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски.

Loading...

Како што додава во инцидентот нема повредени, но нанесена е материјална штета, а од приложените фотографии може да се види дека најмалку една клупа е оштетена.

 

 

– Постои потенцијална опасност од дополнителни паднати гранки и дрвја. Ве молиме избегнувајте движење низ парковите и зелените површини додека трае нестабилното време со засилен ветер, вели Стојановски.

Надлежните служби, како што додава, се на терен и работат на расчистување.

Никола Ивановски

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 пожари за еден час избувнаа во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)