Продолжува поставувањето полуподземни контејнери низ Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ продолжува со поставување на полуподземни контејнери во Куманово, како дел од планот за модернизација на системот за управување со отпад.

Loading...

Директорот на претпријатието, Ненад Стојановски, информира дека со овие контејнери се обезбедува поефикасно и поуредно собирање на смет.

– Сега поставуваме полуподземни садови кои се многу пофункционални, практични, хигиенски и естетски подобри, изјави Стојановски.

 

 

Поставувањето на ваков тип садови, според него, претставува чекор напред кон поквалитетно урбано уредување и подобрување на јавната хигиена.

Проектот се реализира во соработка со Општина Куманово, а од ЈП „Чистота и зеленило“ апелираат до граѓаните да ги користат садовите согласно нивната намена.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставени контејнери за собирање на текстилен отпад во Куманово (ВИДЕО)

Стојановски, укажа дека без навика и воспитување, ниту најсовремените решенија – како полуподземните контејнери – не можат да дадат очекувани резултати.

– Претходно поставените садови за рециклирање, наменети за стакло, пластика и лименки, беа преполнети и злоупотребувани од граѓаните. Наместо селектиран отпад, во нив завршуваше комунален смет, а често и отпад околу садовите. Тоа создаде дополнителни проблеми и поплаки од граѓаните“, истакна Стојановски.

 

 

Дополнително, тој посочи дека некои од контејнерите биле отстранети, бидејќи фирмата задолжена за нивно празнење не го извршувала навремено својот дел од обврските.

Стојановски најави дека претпријатието во координација со општинските служби и овластените оператори работи на повторно воспоставување на системот за селекција, овој пат преку полуподземни садови и подобра регулација на нивното одржување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе стане ли кумановец градоначалник на Цирих?

„Апелирам до граѓаните да покажат совесност. И најдобриот систем не може да функционира без култура на рециклирање и без контрола од страна на инспекциските служби“, порача Стојановски.

Loading...

 

Никола Ивановски