Постапки за извршување го отежнуваат работењето на ЈП „Чистота и зеленило“ (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ се соочува со сериозни предизвици во секојдневното работење поради извршни постапки поврзани со неисплатен регрес на вработените.

Директорот Ненад Стојановски посочи дека изминатата недела е спроведено извршно дејствие, што сериозно го отежнало работењето на претпријатието.

– Од минатата недела имаме упад на извршител, би морал да го дефинирам како упад, има извршно дејствие и обид за попис, односно веќе се попишани подвижни ствари во ЈП „Чистота и зеленило“. Овој случај датира уште пред 6 месеци, станува збор за правосилни судски пресуди од 2021 година за неисплатен годишен регрес односно К-15 на вработените за три години, изјави Стојановски.

Според директорот вкупно станува збор за 90 предмети, за кои постојат правосилни пресуди, чиј резултат довел до блокирање на возилата за изнесување на смет.

– Тоа значи дека ЈП „Чистота и зеленило“, беше блокирнао во нашата работа за да можеме да функционираме, за истите возила се користени два извршители, едната е негова сопруга, и за прв пат добивме блокада на 11 возила кои тие си ги определиле, а тоа се сите возила кои се во погон, односно во функција, додава директорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Нема да ги оставиме граѓаните без услуги од јавните претпријатија (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Стојановски објасни дека за да се заштити основното функционирање на претпријатието, била побарана постапка за изземање на возилата и вештачење, по што дел од возилата биле изземени.

„Во самото вештачење беа опфатени најголем дел од останати средства кои се средства за работа и ако може да забележите од налепниците, имаше почеток на овој попис односно извршување од срана на извршител Фросина Петровиќ Стојмановска, кое може да се окарактеризира како каубојско однесување, затоа што истата дојде со МВР, а полициска асистенција се бара во состојба кога некој не ви дозволува влез, ние не сме спречиле влез на некој, за таква работа се разговара, но целокупната постапка ќе ја оставиме на надлежните институции.“

 

 

Дополнителен проблем претставува и тоа што со месеци наназад дел од возилата не можат да се регистрираат.

„Би сакал да се навратам на возилата, по таа агонија од шест месеци ние не можеме да ги регистрираме тие 11 возила. За среќа на граѓаните најголем дел од тие возила кои се однесуваат на изнесување на сметот, регистрациите им истекнуваат во вториот дел од годината, па мал дел од нив не бевме во можност да ги користиме, но има возила како што се возила за изнесување на снег чија регистрација истече на 11.01 и среќа што не падна снег, а ние по програма сме обврзани тоа да го работиме, во таква состојба не би можеле да си ја обавуваме таа функција“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Денеска жолт метео аларм поради силен ветер

Директорот подвлече дека методот со кој се дејствувало во конкретниот случај претставува исклучок.

„Ова е своевиден преседан во нашата држава, затоа што ниту едно претпријатие не е блокирано на еден ваков начин, ниту еден извршител нема преземено дејствие кон ЈП, а сите средства кои ги поседува ЈП, а и оние кои не ги поседува, нормално служат за основно функционирање.“

Најголем дел од долгот на претпријатието, според Стојановски, потекнува од стари обврски кон Управата за јавни приходи.

Што се однесува до обврските кон вработените, тој потенцира дека претпријатието не избегнува одговорност.

„ЈП ‘Чистота и зеленило’ не бега од долговите кон своите вработени и нормално дека има цел и намера да ги исплати, вработените си ги заслужуваат тие средства, но не е можно во состојба на рамка да исплаќате долгови кога имате рамка.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Второ прскање против комарци следната недела во Куманово

Во моментов, претпријатието е во специфична ситуација во која функционира со сериозни ограничувања.

Кога не ви работат компјутери, не ви работат финансии, не можете да спроведувате јавни набавки, едноставно доколку имате кварови не сте во можност да ги санирате кваровите на камионите кои постојат и ова ќе мора што побрзо да се разреши. Јас како директор барам да се вклучат сите надлежни институции овој случај да го разрешиме за да може да функционираме, вели Стојановски.

Loading...

 

 

Со оглед дека сите компјутери во самото јавно претпријатие се попишани и не смеат да се користат, не функционира ни центарот за наплата, па директорот апелира граѓаните да ги плаќаат сметките во дисперзираните центри или тоа да го прават електронски.

Никола Ивановски