Можен е намален притисок на вода, поради планирани интервенции на „Водостопанство“

Сподели со своите пријатели

„Бај пасот“ кој врши дополнителен дотур на вода за потребите на Куманово од денеска ќе биде исклучен поради санирање на дефекти.

Loading...

– Поради потреба за отпочнување на сезоната на наводнување 2025 година, АД Водостопанство, Подружница Кумановско – липковско поле – Куманово, достави известување дека ќе го намали дотурот на сирова вода до Фабриката за преработка на вода поради санирање на дефекти и монтажа на шибер вентили.  Дотурот на сирова вода ќе биде прекинат преку 4-та грана ( Бај-Пас), информираат од Јавното претпријатие „Водовод“

Ова е можно да доведе до намален притисок ли недоволен дотур на вода во градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

– За време на изведување на планираните работи од страна на АД Водостопанство, Подружница Кумановско – липковско поле – Куманово,  потрошувачите од повисоките делови на градот можно е да се соочат со намален притисок или недоволен дотур на вода, додаваат од Јавното претпријатие.

Според најавите, екипите на АД „Водостопанство, Подружница „Кумановско  -липковско поле“ –Куманово ќе започнат со работа во денеска (5.5.2025 година).

– Ги молиме граѓаните за трпение, како и избегнување ненаменска  потрошувачка на вода за цели за кои таа не е наменета, стои во соопштението на „Водовод“.

По завршување на планираните работи, како што се додава во соопштението, дотурот на сирова вода повторно ќе биде нормализиран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово во полуфинале против МЗТ Скопје

Никола Ивановски

Loading...