Според истражувањето на научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), цивилизацијата каква што ја знаеме би можела да колабира до 2040 година.
Овие предвидувања се засноваат на компјутерски модели од 1972 година кои ги анализирале моделите поврзани со населението, природните ресурси и потрошувачката на енергија.
Студијата предупреди на претстојните „граници на растот“ кои би можеле да предизвикаат конечен колапс на човечкото општество, пишува LADBible.
Иако тогашните предупредувања беа дочекани со потсмев, подоцнежните истражувања ја потврдија нивната точност.
Во 2009 година, нова анализа покажа дека резултатите од моделот од 1972 година биле „речиси совршено точни“ дури и 35 години подоцна.
Исто така, во 2021 година, холандскиот истражувач за одржливост Гаја Херингтон ги потврди темните прогнози, посочувајќи дека економскиот раст би можел да запре до крајот на оваа деценија, а социјалниот колапс ќе следи десет години подоцна.
Сепак, Херингтон понуди трошка оптимизам, нагласувајќи дека сè уште имаме можност да се насочиме кон сценарио кое не завршува со колапс.
Со иновациите во бизнисот, новите владини политики и ангажманот на граѓанското општество, можно е да се најдат решенија за поодржлива иднина.
Овие предвидувања служат како предупредување и поттик за акција, нагласувајќи ја важноста на одржливиот развој и глобалната соработка за да се избегнат потенцијални катастрофи.