Силен земјотрес ја погоди Суматра, Индонезија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди северна Суматра, Индонезија, соопшти Германскиот геолошки институт (ГЗФ).

Loading...

Земјотресот се случил на длабочина од 86 километри, соопшти ГФЗ, пренесе Ројтерс.

Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS) извести за земјотрес со јачина од 5,5 степени во регионот, кој се случи синоќа, на приближно 50 километри североисточно од Сиболга, Северна Суматра, соопшти агенцијата.

Земјотресот е регистриран во 22 часот и 23 минути по локално време на длабочина од 52 километри.

Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германскиот парламент гласа за големо зголемување на трошоците за одбрана

Поради локацијата на Индонезија на спојот на тектонските плочи на Пацификот, Евроазијата и Австралија, таа е област со голем број вулкани и чести земјотреси.