На Деве Баир запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Специјално адаптиран автобус за криумчарење бил откриени и запленет на Граничниот премин Деве Баир.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа, автобусот бил со косовски регистарски таблички, а извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул – Приштина.

Бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока.

 

 

– Случајот е откриен од страна на царински службеници на влез во државата на граничен премин Деве Баир. При извршената контрола  во делот на просторот за багаж  на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер), појаснуваат од Царина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фотоапарат и компјутер за игри запленети на Табановце (ФОТО)

Автобусот, како што додаваат, е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.

Loading...