Јулија Навалнaja повика на мобилизација на прогонетите Руси

Сподели со своите пријатели

Вдовицата на главниот противник на Кремљ, Алексеј Навални, во Берлин повика на мобилизација на руските прогонети за да го носат „гласот“ на нивните сонародници, изразувајќи надеж за брз крај на владеењето на претседателот Владимир Путин.

Loading...

„Мораме да излеземе и да протестираме за оние во Русија кои не можат да го сторат тоа“, рече Јулија Навалнаја на церемонијата по повод првата годишнина од смртта на нејзиниот сопруг.

„Да бидеме нивниот глас бидејќи Русите кои останаа во земјата се плашат дека ќе завршат во затвор“, рече таа.

Таа ја изрази својата желба „режимот на претседателот Владимир Путин да заврши што е можно поскоро за таа да се врати во Русија и да изгради нормален живот во својата земја“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на украинските шпиони: „Русија сака да создаде империја. Овие 4 земји се следните цели“

Повеќе од 1.000 поддржувачи на Навални се собраа денеска на неговиот гроб во Москва, и покрај ризикот од правна постапка.

Во краткиот говор на гробиштата, мајката на Алексеј Навални, Људмила, рече дека сака одговорните за „убиството“ на нејзиниот син да бидат „казнети“.

„Целиот свет знае кој го нарачал тоа. Сакаме да се откријат оние што го овозможиле, оние што го извршиле“, рече Људмила Навални.

Руското правосудство го прогласи Навални за „екстремист“.

Loading...