Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска изјави дека Украина и Европа мора да бидат вклучени во мировните преговори за Украина, откако американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин разговараа за решение на конфликтот.
– Не можеме да имаме разговори без да ја вклучиме Украина, рече таа.
Трамп вчера телефонски разговараше со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за итен почеток на преговори за ставање крај на војната.
Германската министерка за надворешни работи рече дека не била однапред информирана за поканите.
„Вака функционира администрацијата на Трамп. Затоа е потребна постојана меѓусебна комуникација со различни „играчи”. Ова е различно од другите времиња. Вака другите не водат надворешна политика, но ова е реалноста сега”, рече Бербок.
Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат преговори за завршување на војната, но не прецизираше како точно ќе го постигне тоа.