Од полноќ нови цени на дел од горивата

Сподели со своите пријатели

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за половина денар од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Loading...

Од утре ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 79,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ останува иста 81,5 денари по литар. Иста останува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ 73 денари по литар.

Се зголемува и цената на Екстра лесното масло за 1 денар, и ќе се продава за 73 денари по литар. Мазутот исто така поскапува за 0,5 денари, и ќе изнесува 48 денари по килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  71-годишен кумановец ја претепал вонбрачната партнерка