Трамп издаде своја „мим коин“ пред инаугурацијата: Веќе има сериозна вредност

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп издаде своја „мим монета“ пред неговата инаугурација закажана за 20 јануари, објавија денеска американските медиуми.

Loading...

Овој потег е најновиот потфат на Трамп за криптовалути, што тој го вети за време на неговата кампања дека ќе го регулира, пишува Axios.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека ја користи оваа мим-монета за да ја прослави својата победа на претседателските избори и претстојната инаугурација.

Во првата фаза ќе бидат издадени 200 милиони од овие монети, а во следните три години тој број ќе се зголеми на една милијарда, наведува Аксиос.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што мислат Русите за Трамп и зошто се сомневаат дека ќе стави крај на војната во Украина?

Од десет часот, вредноста на мимкоинот $TRUMP беше околу 58,18 долари.