Јавното претпрјиатие „Чистота и зеленило“ и Казнено – поправнат аустнаова Затвор – Куманово потпишаа меморандум за соработка со цел организирање општокорисна работа за осудени лица.
Оваа соработка, како што истакнуваат од комуналното претпријатие, има за цел да го поддржи ресоцијализацискиот процес на осудените лица преку нивно активно вклучување во активности кои придонесуваат за чистење и одржување на јавните простори во општината.
– Соработката е во согласност со законските регулативи и се реализира со цел подобрување на условите за живот на заедницата, како и поттикнување одговорност и ангажираност кај осудените лица. „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово се посветени на одржување на партнерски однос и заеднички придонес за почиста и поуредна средина, велат од претпријатието.
Никола Ивановски