Американка се пожалила дека нејзиното момче ја малтретира. Следниот ден ja пронашле во станот без глава

Сподели со своите пријатели

Хедер Ен Боден (41) од Јужна Дакота беше пронајдена мртва во својот стан во четвртокот на 2 јануари.

Loading...

Ја пронашле тројца загрижени пријатели на кои им се пожалила дека нејзиното момче ја вознемирува и и праќа вознемирувачки пораки, пишува Дејли Мејл.

Пријателите пронашле ужасна сцена во станот – некој ѝ ја отсекол главата на Боден.

Полицијата пронашла отсечена глава во контејнер за ѓубре.

Нејзиното момче Крег Ален Николс Јуниор (32) е уапсен и обвинет за убиство.

Еден од пријателите ѝ рекол на полицијата дека вознемирената Боден им се јавила на Нова година и се пожалила дека Николс ѝ се заканува со пиштол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мјанмар: Повеќе од 500 куќи изгореа во армиски напад. Загинаа 40 цивили

Полицијата го уапсила Николс откако ги прегледала надзорните камери кои покажале дека Николс влегува во станот и излегува со две кеси за ѓубре на денот на убиството.

Судејќи според снимката, Николс поминал еден час во станот, од 22 до 23 часот.

Loading...

Но, камерите откриле дека убиецот не бил сам.

Имено, тој бил во друштво на двајца мажи за кои полицијата утврдила дека дошле во станот да консумираат дрога со убиената Боден и нејзиното момче Николс.

Двајца зависници од дрога, идентификувани како Ц.Е и Ц.Р., рекле на полицијата дека Боден била жив кога го напуштиле станот.

Снимката откри дека Николс се враќал во станот неколку пати помеѓу 2:05 и 6:45 часот наутро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка: Будистички монах осуден за навредливи коментари за исламот

Во едно од неговите многубројни доаѓања и заминувања, камерите го фатиле како носи две кеси со ѓубре.

Полицијата пронашла крвава облека на Николс во станот на убиенаа Боден.

Пријателите решиле да ја посетат ден по Нова година, бидејќи таа не одговорила на нивните бројни повици и пораки.

Николс се наоѓа во затворот во округот Јенктон со кауција од 500.000 долари. Тој треба да се појави на суд во среда, на 15 јануари.

Loading...

– Хедер беше светла искра на овој свет. Нејзините пријатели и семејството ја сакаа нејзината смисла за хумор – се вели во описот на страницата GoFundMe што ја започнаа нејзините родители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Боинг донира 1 милион долари за инаугурацијата на Трамп