Општина Куманово ќе дава субвенции за набавка на инвертер клими

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во 2025 година ќе доделува субвенции за набавка на инвертер клима уреди, според одлуката која вчера ја изгласа Советот на општината.

Loading...

Станува збор за околу 100 семејства кои ќе добијат субвенции во износ од 20.000 денари за набавка на вакви уреди, за чија намена од Буџетот на располагање ќе се стават вкупно 2 милиони денари.

Целта на оваа мерка е да се подобри квалитетот на воздухот, а затоплувањето со печки на огревно дрво да се замени со инвертер клими.

– Најголем проблем во областа на животната средина е токму нарушен квалитет на воздух и од тие причини е воведена оваа мерка со која сметаме дека околу 100 семејства ќе можат да се обезбедат со високоефикасен инвертер клима уред со едноставна причина да го сменат начинот на греење во своето семејство, изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител на Секторот за комунални работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската амбасадорка во посета на Општина Куманово

 

 

Доделувањето на субвенцијата ќе оди на принцип „прв дојден – прв услужен“, но со напомена дека ќе мора првично да се исполнат и одредени услови.

Loading...

– Постојат одредени услови кои треба луѓето што ќе аплицираат да ги исполнат, еден е да немаат веќе користено субвенции, особено да не се за приклучок на гас. Да не постои изведена гасоводна мрежа во реонот каде живеат и за истиот да имаат основ да се приклучат, а не сакат или не можат. Ќе го користат оние семејства кои досега немаат користено никаква субвенција од општината, потенцираше Ланг Спасовска.

Доделувањето на субвенциите, односно надоместување на дел од трошоци направени за набавка на  високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување,  ќе важи исклучиво за граѓаните чие место на живеење е на подрачјето на Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник шверцал Непалци низ Куманово

Постапката за доделување на финансиските средства како надомест на дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди ќе ја спроведува соодветна Комисија, формирана од Градоначалникот.

Дополнително ќе се утврди кога ќе биде објавен јавниот повик на кој граѓаните ќе можат да аплицираат, но според предвидената програма ќе се аплицира најдоцна до октомври 2025 година.

Јавниот повик ќе биде објавен во веб страницата на општината и во најмалку еден печатен/електронски медиум, каде ќе бидат наведени сите услови и потребни документи.

Никола Ивановски