Маж во Јапонија повреден кога го нападнала мечка која влегла во продавница

Сподели со своите пријатели

Еден човек е повреден кога бил нападнат од мечка која влегла во супермаркет во јапонската префектура Акита, соопшти денеска полицијата.

Loading...

Нападот се случил додека 40-годишниот маж, кој работи во одделот за сувомеснати производи, се подготвувал да го започне работниот ден, објави Кјодо.

Вработениот се здобил со повреди на лицето и на други делови од телото, но лекарите велат дека повредите не се опасни.

Во моментот на нападот во продавницата имало околу 20 вработени, но клиентите се уште не влегле во објектот.

Мечката висока околу еден метар работниците ја заклучиле во продавницата додека не дошле полицијата и ловџиите.

Јапонските власти ги повикаа жителите да бидат внимателни на патиштата, дури и во урбаните средини, додека мечките не заминат во хибернација, бидејќи оваа година забележаа рекорден број средби со животните.

Во обид да се намали опасноста што мечките ја претставуваат за луѓето, неколку општини во Јапонија воведоа системи за надгледување со помош на вештачка интелигенција за да помогнат во лоцирањето на мечките кои шетаат во земјоделските и урбаните области.