Спречен шверц на брендирани часовници, облека и парфеми на Табановце

Сподели со своите пријатели

Службениците на Царинската управа во текот на изминатата недела спречиле шверц на разна брендирана стока на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– 289 разни производи како часовници, чанти, обувки, парфеми и козметика, при што дел се со потпис на познати модни брендови,  се откриени при контрола на автомобил со чешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен на влез во државата на граничниот премин Табановце, информираат од Царинската управа на Македонија.

Непријавените производи, како што појаснуваат оттаму, биле пронајдени во повеќе големи торби сместени во багажникот и на задното седиште.

– Производите се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силниот ветер корнеше дрвја и бандери ноќва низ Куманово (ФОТО)

Во друг случај, исто така на ГП Табановце, царниците заплениле 71 водна пумпа за автомобили.

– Откриени се при контрола на автомбил со хрватски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, велат од ЦУ.

Производите, пронајдени во кутија сместена во багажникот на возилото и во кеса сместена на задното седиште, додаваат оттаму, се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Никола Ивановски

Loading...