Три лица биле повредени, од кои едно потешко, викендов при судир на „шкода“ и камион кај наплатната станица „Романовце“ во Куманово.
– На 09.11.2024 во 21.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во близина на наплатна станица „Романовце“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(47) од Куманово и товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И. од возилото „шкода“, а со телесни повреди се здобиле возачот А.И и уште еден сопатник Ј.И. од истото возило, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски