Над 1.800 казни напишала кумановската полиција за половина година

Сподели со своите пријатели

Над 1.800 казни напишала полицијата во Куманово во првите шест месеци од годинава покажува полугодишниот извештај на Полициската станица од општа надлежност.

Loading...

Како што стои во извештајот имало 1.825 казни, односно само 45 помалку од истиот период минатата година.

Вкупно 243 возила биле исклучени од сообраќај, а како што се посочува во извештајот во најголем дел од случаите причина била необновена регистрација до 30 и над 30 дена како и неисправни возила.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 1.582 лица, од кои во најголем број поради потешки прекршоци како управување на возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола, возач почетник и останати причини согласно законските прописи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал испитувач во сообраќајниот испитен центар

– Од страна на Полициска станица за безбедност во патничкиот сообраќај констатирани се 2.467(6.867 во истиот период лани) прекршоци од кои во најголем број се поради движење со поголема брзина од пропишаната, возач кој не носи заштитен шлем, минување на црвено светло на семафор,непрописно престигнување, недавање првенство на минување, недавање првенство на пешаци, како и прекршоци сторени од страна на пешаци, се посочува во извештајот.

Биле извршени алкотестирања на 2.814 возачи, а привремено биле одземени 378 возачки дозволи поради возење под дејство на алкохол и 106 поради решение од суд.

Никола Ивановски