Викенд прогноза за Куманово: Сонце, па дожд и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималната температура ќе достигне од 26 до 32 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне околу 28 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно, но и натаму многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Ноќта кон недела се можни услови за слаби врнежи од дожд.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, а дневниот максимум ќе достигне 17 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Од понеделник повторно се очекува сончево време, но со нешто пониски дневни температури.

Никола Ивановски