Небензја: Украинската армија е на работ на целосен пораз

Сподели со своите пријатели

Украинската армија и покрај големите залихи на оружје, вклучително и оружје со долг дострел, е на работ на целосен пораз, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја на седницата на Советот за безбедност за Украина.

Loading...

Небензја рече дека украинската армија е на работ на пораз и покрај значителното снабдување со оружје, вклучително и со долг дострел, и покрај странските платеници и директното учество на Западот во конфликтот во Украина со цел да ѝ се нанесе стратешки пораз на Русија, објави РИА Новости.

„За да се увериме во тоа, доволно е да се проучат воените извештаи кои укажуваат на брзо уривање на фортификационите линии на Киев на источниот фронт, чија изградба траеше речиси осум години“, нагласи Небензја.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на седницата на Советот за безбедност на ОН рече дека рускиот претседател Владимир Путин прекршил толку многу меѓународни норми што нема да престане и дека Русија може само да биде принудена да склучи мир.

Седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина беше свикана на барање на САД, Велика Британија, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Малта.