Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за нерешените прашања поради склокупвање договор

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е неопходно Израел и Хамас да ги решат преостанатите нерешени прашања, вклучително и присуството на израелската армија во коридорот Филаделфија, за да се постигне договор за прекин на огнот.

Loading...

„Врз основа на она што го видов, постои договор за околу 90 отсто од работите, но има неколку критични прашања што остануваат“, изјави Блинкен за новинарите во четвртокот на Хаити.

Блинкен истакна дека има и нерешени прашања за тоа како да се разменат палестинските затвореници и израелските заложници, пренесува Ројтерс.

„Очекувам дека во наредните денови ќе споделиме со Израел, а тие (Катар и Египет) со Хамас ќе ги споделат нашите размислувања за тоа како точно да ги решиме преостанатите отворени прашања“, рече Блинкен, мислејќи на САД и посредниците Катар и Египет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џек Смит: Трамп ќе беше осуден доколку не беше избран за претседател

Тој додаде дека се уште постои шанса за нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија доколку се постигне примирје во палестинската енклава.

На крајот на мај американскиот претседател Џозеф Бајден предложи трифазен прекин на огнот, но оттогаш има несогласувања околу конечната верзија на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците во Газа.

Хамас ја отфрли опцијата за израелско присуство во коридорот Филаделфија, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистираше на тоа дека Израел нема да ја напушти областа на границата Газа-Египет.

Оваа недела Турција, пет арапски земји, вклучително и Саудиска Арабија, и палестинските власти го поддржаа Египет во отфрлањето на барањето на Израел да ги задржи своите војници во спорниот коридор, пренесува Танјуг.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  АП: Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Газа

Во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 11 месеци загинаа повеќе од 40.000 луѓе, а речиси целото население на енклавата од 2,3 милиони луѓе беа раселени.

Ова резултираше со криза со храна, недостиг на лекови и ширење на болести, вклучително и полио, и обвинувања за геноцид против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, што Тел Авив ги негира.